Умтити: Навивачите на Лацио ми викаа дека сум мајмун, не му дозволив на судијата да ја прекине играта

by Fokus

Францускиот фудбалер Самуел Умтити (29) требаше да биде големо засилување за Барселона кога пристигна пред седум години од Лион, но повредите го спречија да стане стандарден првотимец и ѕвезда на тимот. Оваа сезона тој е на позајмица во Лече за да влезе во форма.

Умтити даде интервју за италијанскиот Канал+, а една од темите беше и расизмот кој деновиве е главна тема во шпанскиот фудбал.

Умтити сподели дел од своите искуства.

„Навивачите на Лацио ми велеа дека сум мајмун. Судијата го слушна тоа и сакаше да го прекине натпреварот, но јас му реков да почека, бидејќи играм одлично. Не сакав прекин поради нив”, рече тој.

Тој додаде дека има договор со Барселона до летото 2026 година, но и дека се навикнал на животот во Италија, иако на почетокот не сакал да ја напушти Каталонија.

Оваа сезона Умтити одигра 23 натпревари за Лече.

Поврзани новости