615
Собранието попладнево ги донесе преостанатите два закони кои беа на агендата пред неговото распуштање.
Законот за Совет на јавни обвинители беше донесен со 74 гласа за (за негово донесување беа потребни 60 гласа).
Законот за одбрана беше донесен со 80 гласа за и ниту еден против.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во салата. Најавија дека ќе бидат присутни само на седницата за распуштање на Собранието.