Денеска во Собранието ќе биде одржана седница на Законодавно-правната комисија, каде пратениците ќе ја разгледуваат Граѓанската иницијатива со предлог да се донесат измени на Законот за работни односи.
Граѓаните во оваа иницијатива предлагаат да се направат промени во породилното боледување и наместо девет, тоа да трае 12 месеци. Целта е како што велат, мајките да бидат подолго време со нивните новороденчиња и да се вложат повеќе во нивниот развој.
Иницијативата е потпишана од страна на 217 граѓани, а е доставена преку овластениот предлагач Снежана Кузмановска.
Парламентарното мнозинство најави дека во подготовка се пакет закони за унапредување на работничките права кои наскоро ќе се најдат во Собранието, а меѓу кои ќе биде и Законот за работни односи.