428
Под силно полициско обезбедување, екс директорот на УБК Сашо Мијалков утринава беше спроведен од затворот “Скопје” до Кривичниот суд.
По девет дена притвор, Мијалко ја напушти ќелијата и е донесен во судница, каде му се суди за случајот “Трезор”.
Тој со затворското комбе беше внесен во гаражата на судот, кој беше опколен со специјалци. Во судот пристигнаа и шестмината телохранители на Мијалков.
Тие со адвокатите и новинарите влегоа во судница.
Во моментот во судница се изведуваат материјални докази поднесени од СЈО. Во овој случај покрај Мијалков обвинети се и Тони Јакимовски, Горан Грујевски и Небојша Стојковиќ, на кои им се суди за набавка на електро-комуникациска опрема за потребата на УБК.