Поради непроодноста на теренот, неподвижните луѓе од планински места во беровско, со трактор биле симнати до селото Ратево за да се вакцинираат. Министерот за здравство Венко Филипче, кој ги објави фотографиите на својот фејсбук-профил напиша и дека процесот на вакцинација се спроведува плански и во тешко достапните места.
-Исклучителна посветеност и организација при процесот на вакцинација и во непроодните места покажаа екипите на ЈЗУ ЗД Берово. Во село Ратево со трактор се спуштени неподвижните лица и вакцинирани. Теренската имунизација се спроведува плански и на тешко достапните места. Се што е потребно е да се има желба и заинтересираност од страна на граѓаните, вели Филипче.
Теренската вакцинација продолжува и утре во над 70 населени места.