Неговата функција ја бранеа пратениците од власта, наведувајќи ги сите проекти во кои е инвестирано во здравството во последните неколку години.
Но, кога ќе размислиме логично, набавката на апарати и не е некое негово лично достигнување. Па тие се набавени со народни пари, не е нешто со кое треба тој да се фали. Здравствениот систем е тој што е уништен, оној со кој треба да раководат, оној кој треба да го усовршат за пацинетите да се осеќаат безбедно. Да набавиш машини што впрочем и не ги употребуваш, а да имаш корки леб како оброк за трудници или да переш и преперуваш гази за преврски, не е за фалење. А гледам и пратениците сите што се лекуваат државно (со државни пари) во приватни болници, силно и гласно ги поддржуваат реформите од што знаат дека е добро нашето државно здравство.
Изгледа поважни се реформите отколку човечките животи кои настрадаа низ лавиринтите на здравствениот систем. Приоритети, тоа е!