53
Судот донесе одлука да се направи супервештачење за случајот со родилката од Дебар, Јалдз Веапоска која по породувањето во струшката болница остана без јајник, матка и бубрег. Со тоа ќе се утврдува одговорноста на лекарите.
Оваа одлука на судот следи поради неусогласувањата на вештите наоди од Судска медицина и она на одбраната. Вештачењето од Институтот за судска медицина, приложено од Обвинителството, посочи одговорност кај лекарите од струшката болница, а вештачењето нарачано од одбраната, кое го направи вештакот Драге Дабески, заклучи дека лекарите ѝ го спасиле животот на родилката.
Веапоска уште еднаш се пожали дека целиот случај влијае многу лошо врз нејзиното здравје како физички и психички.
Новото судско рочиште е закажано на 3 јуни.