Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вели дека не би се откажал од зголемувањето на неговата плата, согласно новата одлука на Уставен суд, како што најави неговиот колега од Аеродром, Тимчо Муцунски, кој рече дека разликата ќе ја дава во хуманитарни цели.
-Со среќа нека му е, јас популист не сум, јас сум реален човек, си ја работам својата работа – рече Јакимовски во вечерашната дебата на Само вистина.
Тој е за зголемување на функционерските плати, а својот став го аргументира со тоа што платите на функционерите треба секоја година да бидат усогласувани со растот на просечната плата.
-Ако не па да рабтиме волонтерски. Во која држава функционерите немаат плата, таа плата е повисока зошто е ограничен временски период, на мандат, може после функционерот да биде сменет. Прашање е зошто не сме го почитувале законот, платите се усогласуваат секоја пролет на секој вработен, така треба и на функционерите – рече тој.