Успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред речиси еден месец беше пронајдена во непосредна близина на штипската фабрика „Актива“ која прозведува делови за автобуси.
Директот на ДСЗ, Шабан Салиу изјави дека нема повредени луѓе ниту материјална штета на стопанските објекти кои се во непосредна близина. Тој истакна дека стручниот тим на АРМ професионално ја детонира бомбата тешка 260 килограми, а во која имаше 170 килограми експлозив тротил.
Бомбата најпрвин била опшиена со динамит и поставена во дупка длабока 4 метри, по што била затрупана со песок од 2 метра, а на висина од 4 метри биле поставени кадрони и талпи. Салиу посочи дека при експлозијата песокот ја амортизира брзината на движењето на шрапнелите кои се забиваат во кадроните.