1.6K
Марјан Стаменковски, сопственик на порталот Доказ.мк вечерва бил претепан во близина на училиштето Песталоци во центарот на градот.
Тој тврди дека петмина маскирани лица вечерва го пречекале и крвнички го претепале. Во изјава за НОВА, Стаменковски тврди дека еден од напаѓачите му рекол дека тоа е поздрав од неговата поранешна партија ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во моментов се наоѓа во Државна болница, каде прима лекарска интервенција.