Саше Политико треба да плати 300 евра за тепачката со новинарот на Сител

by Фокус

Саше Ивановски Политико е казнет со 300 евра за предизвикување тепачка со новинарот на Сител, Александар Спасовски. Тој синоќа бил повикан во полициската станица во скопската населба Кисела Вода, каде што му било соопштено колкава казна треба да плати. 

– Замислете, ем бев натепан, се виде од снимката, и сега да платам уште и казна. Инспекторот ми рече дека новинарот на Сител однел петмина сведоци од инцидентот пред резиденцијата на амбасадорот Орав. Ако е за утеха, како што го разбрав инспекторот, иста парична казна ќе добиел и Сарма. Јас и мојот адвокат ќе поднесеме тужба против новинарот на Сител и ќе барам отштета за претрпен стрес и болка, вели Политико. – изјавил Политико за Либертас.

 

 

Поврзани новости