Со секира ни го нападнаа клубот во Охрид, Врабевски веднаш ќе ја плати штетата, кажаа од неговата Фондација

by fokus

Со секира го нападнаа новиот бугарски културен центар во Охрид! Тој беше отворен пред само неколку дена од страна на основачот на бугарските здруженија во Северна Македонија, Милен Врабевски, а вандалскиот чин започнал додека во клубот се одржувала средба помеѓу членови на здружението и надворешни посетители- информира Фондацијата ,,Бугарска меморија” на чие чело е бизнисменот Врабевски, кој ги финансира бугарските клубови во земјава, по вчерашниот настан.

Имено, откако вчера од СВР Охрид известија дека во 12.45 било пријавено оштетување на дел од таблата поставена над просторијата во која е сместен клубот во ,,Цар Борис Трети” во Охрид, од Фондацијата го осудија настанот и најавија дека Врабевски веднаш ќе ја плати штетата.

-Според сведоци, додека внатре во клубот биле членовите, однадвор некој започнал да вика –Фашисти, а потоа слушнале удари со секира по таблата. За среќа, сите присутни успеале да побегнат неповредени, а штетата е само материјална. Полицијата работи на расчистување на случајот, а неофицијално, едно осомничено лице е изведено пред надлежните органи.
Врабевски ќе плати штетата, исто како што ја плати и штетата на клубот ,,Ванчо Михајлов” во Битола, која пролетва беше опожарена фасадата.

Фондацијата остро ја осудува оваа провокација и чин на омраза кон бугарското културно седиште – објавија од Фондацијата.

Реакциите на јавноста по повод отворањето на бугарските клубови со имиња на контроверзни историски личности не стивнуваат. Се бара со закон да се забрани регистрација на називи кои на било каков начин се поврзани со фашисти, нацисти и нивни соработници и поддржувачи, затоа што Македонија е антифашистичка држава.

Вики Клинчарова

Поврзани новости