Со протест пред Кривичниот суд ќе се бара правда за Никола Груевски

by fokus

Со протест пред Основниот суд Скопје 1, утре во 19.00 часот ќе се бара правда за екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Поддржувачите на Груевски се организираат преку социјалните мрежи каде е најавен протестот.

„Почитувани граѓани, Членови на ВМРО-ДПМНЕ, Македонци и Македонки,
Браќа и сестри, Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски.
За таа цел се повикуваат сите граѓани на Република Македонија на ден 07.11.2018 година (среда) со почеток во 19 часот на МИРЕН ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ ЗА ПРАВДА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ пред зградата на Основниот суд Скопје 1!
Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!“, стои во повикот на организаторите.

Според упатниот акт Груевски во четврток треба да се јави во затворот во Шутка на издржување на затворска казна. Тој е осуден на две години затвор за предметот „Тенк“ на СЈО, за набавката на луксузниот мерцедес.

Поврзани новости