Тевдовски со стопанствениците на маса за прогресивното оданочување

by fokus

Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи вонредна седница за најавеното прогресивно оданочување и ефектот од оваа мерка врз работењето на деловните субјекти.

На седницата ќе учествуваат и потпретседателите на Комората, како и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Во саботата министерот Тевдовски најави воведување прогресивен данок. За приход од 90.000 денари, информира, ќе се плаќа дополнителен данок од осум проценти. Мерката треба да стапи во сила од 2019 година, а, како што истакна Тевдовски, со неа ќе се постигне т.н. праведно одданочување кое Владата го вети во предизборната програма.

Стопанската комора на Македонија и останатите членки на Платформата за јавно – приватен дијалог (Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори) вчера предупредија дека не треба да се избрзува со новата мерка затоа што компаниите веќе ги имаат дефинирано финансиските планови за идната година. Потребни се, порачаа коморите, подлабоки анализи кои ќе покажат како прогресивното оданочување ќе влијае врз работењето на бизнисот.

Поврзани новости