Со препишување на пропаднати решенија не се оди напред!

by Фокус

Изминативе месеци просто сме бомбардирани со економските успеси на нашата земја, при што посебно се нагласува дека странскитеинвестиции во таканаречените слободни економски зони просто ја препородиле земјава, а тоа посебно се потенцира во отварањето нови работни места, намалувањето на невработеноста и промената на структурата на вработените, што само по себе значи приближување на Македонија кон развиените земји. Паралелно со тоа, разноразни агенции не прогласуваат за лидер те на едно, те на друго поле. Секако, целата оваа рашомонијада од самофалење и фалење има за цел граѓаните да се убедат во правилните политики на власта, што значи да се стрпат уште едно седум-осум години, бидејќи само што на улиците не потекло мед и млеко.

Не ми е јасно врз основа на што се темелат ваквите изјави, бидејќи за многу полиња на нашето живеење податоците кои ги соопштува Државниот завод за статистика (ДЗС) напросто го говорат спротивното. Ќе ми дозволите и да грешам, бидејќи моето знаење од математика и статистика, т.е. за пресметување проценти, не е екстерно тестирано, особено не согласно најавените големи реформи, но сепак ќе се осмелам да дадам свое видување на состојбите во однос на вработувањата и посебно на структурата на вработените во последниве години. Притоа, заради фактот дека расположливите податоци за вработените по сектори и оддели на дејност согласно класификацијата од 2011 година ретроактивно се усогласени само за 2010 година во разгледувањата ќе се осврнам само на периодот од 2010-2013 година.

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА НАСТАВНИЦИ, А СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА УЧЕНИЦИ?!

Според податоцити на ДЗС во 2010 година имало вкупно 435.078 вработени, за да овој број во 2013 година изнесува 483.447, што значи зголемување од 48.369 лица. Притоа, бројот на вработените во преработувачката индустрија, каде всушност и се таканаречените странски инвестиции се зголемил од 101.093 во 2010 на 104.214 лица во 2013 година. Според тоа, зголемувањето на бројот на вработените во преработувачката индустрија изнесува 3.121 лице, што е под нивото на зголемувањето бројот на вработените во секторот административни и помошни услужни дејности, каде имаме пораст од 3.717 вработувања. Во исто време, во секторот трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и моторцикли бројот на вработените бележи пораст од 11.203 лица, што претставува 23,26% од вкупниот пораст на бројот на вработените. Од друга страна, бројот на вработените во секторите каде претежно доминантно е присутна државата се зголемил од 137.011 на 148.137 лица, т.е. имаме пораст 11.126 лица, при што е нејасно како дошло до пораст на бројот на вработените наставници во основното и средното образование, кога бројот на учениците во основното и средното образование се намалил од 303.264 во 2010 година на 282.637 ученици во 2013 година или приближно за 7%.

Ваквите тенденции значително ја нарушиле структурата на вработените по сектори, па така ако во 2010 година 23,24% од вкупниот број вработени биле во преработувачката индустрија, тие во 2013 година учествувале со 21,57%. Понатаму, процентуалото учество на вработените во секторот трговија е зголемено од 17,70% во 2010 на 18,25% во 2013 година, а во останатите сектори имаме незначителни колебања. Оттука е нејасно, како тоа инвестициите во таканаречените слободни економски зони значително придонесле за намалување на невработеноста и промена на структурата на вработените, кога секому е јасно дека во овие привилегирани оази не стопанисува ниту една компанија од секторот трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и моторцикли, а и ниту во еден од секторите каде имаме забележителен пораст на вработувањата. Но, за да моите писанија не наликуваат на бомбастичните изјави на одделни персони од владеачката структура, како и на изјавите од самопрогласените експерти и аналитичари, најдобро е сами да ги погледнете податоците дадени во табела 1. Притоа, овие податоци нема целосно да ги коментирам, но да забележиме дека во секторот рударство и вадење камен имаме континуирани бомбастични најави за инвестиции кои се мерат во стотици милиони евра, при што се издадени бројни концесии, а според официјалните и единствено валидни податоци резултатите од бројните ракувања, фотографирања, пресконференции, скапо платените реклами во влијателните светски медиуми и континуираната политичка пропаганда се повеќе од скромни.

Табела 1. Вработени по сектори на дејности во периодот од 2010 до 2013 година

Сектор на дејност

2010

2011

2012

2013

Број

%1)

Број

%1)

Број

%1)

Број

%1)

Земјоделство, шумарство и рибарство

12176

2,80

12394

2,70

12348

2,60

12649

2,62

Рударство и вадење камен

3697

0,85

3989

0,87

382

0,92

4146

0,86

Преработувачка индустрија

101093

23,23

100878

21,98

101132

21,32

104214

21,56

Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

7716

1,77

7711

1,68

7833

1,65

8389

1,74

Снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината

8392

1,93

8555

1,86

9024

1,90

9575

1,98

Градежништво

23340

5,36

26106

5,69

27575

5,81

26266

5,43

Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и моторцикли

77010

17,70

83679

18,24

87064

18,35

88213

18,25

Транспорт и складирање

22696

5,22

26453

5,76

28441

6,00

28536

5,90

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна

13988

3,21

16267

3,54

18359

3,87

18225

3,77

Информации и комуникации

8523

1,96

9823

2,14

9972

2,10

10087

2,09

Финансискии дејности и дејности на осигурување

8404

1,93

8513

1,86

8843

1,86

9266

1,92

Дејности во врска со невижен имот

1566

0,36

1714

0,37

2000

0,42

2039

0,42

Стручни, научни и технички дејности

12036

2,77

13783

3,00

15692

3,31

16074

3,32

Административни и помошни услужни дејности

12552

2,85

13319

2,90

14610

3,08

16269

3,37

Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување

42474

9,76

43258

9,43

44006

9,28

44102

9,12

Образование

35193

8,09

36099

7,87

36002

7,59

36637

7,58

Дејности на здравствена и социјална заштита

31200

7,17

32505

7,08

32775

6,91

33360

6,90

Уметност, забава и рекреација

7658

1,76

7375

1,61

7986

1,68

8806

1,82

Други услужни дејности

5374

1,23

6452

1,41

6354

1,34

6594

1,36

Вкупно

435078

100

458873

100

474389

100

483447

100

Извор. Статистички годипник на Македонија, ДЗС, Скопје и сопствени пресметувања

1)     Процент на вработени во вкупниот број вработени во разгледуваната година

Од податоците во табела 1 може да се забележи дека бројот на вработените во секторот снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околина се зголемил од 8.392 во 2010 година на 9.575 вработени во 2013 година, што значи дека вработувањата во овој сектор се зголемени за 14,1%.

ПАД НА  ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГИЈАТА

Слично, и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, кој како и претходно споменатиот сектор воглавном го управува централната власт, имаме зголемување на бројот на вработените, иако во разгледуваниот период производството на електроенергија континуирано опаѓа. Имено, од податоците во табела 2 може да се види дека, во 2010 година вкупното производство на електроенергија било повисоко за 18,1% во споредба со 2013 година, при што кај хидроенергијата тоа е повисоко за 58,50%, а кај термоенергијата тоа е повисоко за 4,03%. Ваквата негативна тенденција продолжува и во 2014 година, при што во првите девет месеци од годината вкупното производство на електроенергија е 3736731 MWh, а додека во 2010 година во истиот период се произведени 4975503 MWh, што значи дека во за првите девет месеци во 2010 година во споредба со 2014 година производството на електроенергија е поголемо за 33,15%. Имајќи го предвид претходно кажаното, некој навистина треба на јавноста да и објасни што се случува во овој сектор на дејност, а посебно да се објасни ваквиот пад на производството на електроенергија.

Последното е од особена важност, бидејќи навистина е несватливо, како и покрај бројните концесии за мали хидроелектрани е дојдено до ваков пад и зошто при ваков пад на производство на електроенергија е одложена либерализацијата на пазарот. Оттука, само по себе се наметнува и прашањето во чија заштита е ова одложување, на стопанството, граѓаните или се штитат нечии бизнис интереси. Конечно, во контекст на претходно изнесеното граѓаните на Македонија имаат право да знаат која е функцијата на бројните реклами на државните енергетски компании, т.е. дали при ваква состојба истите служат за прикривање на состојбите во овој сектор или пак се во некоја функција, како на пример сериозна финансиска подршка на “независните” медиуми.

Табела 2. Производство на електроенергија

2010

2011

2012

2013

I-IX, 2014

Електроенергија – вкупно

MWh

7115979

6717900

6222861

6025546

3736731

Хидроенергика

MWh

2420834

1430396

1005732

1527293

623438

Термоенергија

MWh

4695145

5287504

5224129

4498253

3113293

Извор. Месечни статистички извештаи на ДЗС, Скопје

Но, да се вратиме на нашите првични разгледувања, а разгледувањата за движењето на производството во останатите сектори, како што се земјоделството, рударството и преработувачката индустрија, да ги оставиме за некоја друга прилика.

Табела 3. Просечни вкупни реални месечни нето плати на вработените по сектори на дејност, база 2010 година

Сектор на дејност

2010

2011

2012

2013

Земјоделство, шумарство и рибарство

173873280

178223284

179376863

181234733

Рударство и вадење камен

80853390

88053711

902691196

88477121

Преработувачка индустрија

1483438682

1489371075

1437094455

1503488647

Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација

272019864

263594822

260576199

279469371

Снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината

151870024

155744445

156535013

164165415

Градежништво

364430760

406003031

419297762

416357611

Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и моторцикли

1447788000

1516625907

1534920450

1556799834

Транспорт и складирање

468445440

549416380

559759665

585595844

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна

209484288

237587772

256841847

255350366

Информации и комуникации

284352849

337244547

328611992

325427043

Финансискии дејности и дејности на осигурување

306493880

318928998

307143746

319050919

Дејности во врска со невижен имот

37731204

40648096

46434476

47043644

Стручни, научни и технички дејности

281871084

340612672

409475650

404802668

Административни и помошни услужни дејности

200204400

194854676

190864921

208702279

Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување

1055648796

1044773916

1020389891

1012305550

Образование

745282161

747757474

710042231

712768387

Дејности на здравствена и социјална заштита

678194400

690513843

681830802

706137829

Уметност, забава и рекреација

136580430

138244479

131512739

143001695

Други услужни дејности

102046886

143206907

136646113

142409860

Вкупно

8942158134

9306474785

9209323747

9365539913

Извор. Сопствени пресметувања врз основа на податоците за вработените, просечната номинална плата и индексот на трошоците на живот, побликувани од ДЗС

НЕТО ПЛАТАТА СЕРИОЗНО СЕ НАМАЛУВА

Од податоците во табела 3 може да се види дека вкупните месечни исплати за реалните нето плати во 2013 година, споредено со 2010 година се зголемиле за 4,73%. Што ова значи, не треба посебно да се коментира, но добро е да се забележи дека вкупниот број на вработени во 2013 во однос на 2010 година е поголем за 11,11%, па оттука не е тешко да се заклучи дека во 2013 година имаме сериозно намалување на реалната нето плата, кое намалување изнесува 5,74%. Притоа, намалувањето е присутно во сите сектори на дејност, освен во секторите земјоделство, шумарство и рибарство, градежништво, стручни, научни и технички дејности и други услужни дејности, кои во 2013 година во вкупниот број вработени учествуваат со минимални 12,74%.

Од друга страна, во дел од секторите на дејност кои се најдрастично подложени на таканаречените реформи и во кои наводно државата сесрдно вложува забележителни средства, како што се објектите за сместување и сервисни дејности со храна, образованието, културата, јавната управа и одбраната и задолжителното социјално осигурување имаме забележителен пад на просечната реална нето плата, кој пад е 6,44%, 7,65%, 8,95% и 8,13%, соодветно, а додека кај административните и помошните услужни дејности, кај кои имаме пораст од 3713 вработени, падот на реалната нето плата изнесува фрапантни 19,57%. Што ова значи, не треба посебно да се коментира, но добро е да се забележи дека во споменатите четири сектори на дејност, кај кои имаме најголем пад на реалната нето плата, бројот на вработените во 2013 година во вкупниот број на вработени учествувал со 25,66%.

Се чини дека натамошни анализи на движењето на реалните нето плати за разгледуваниот период и нивно корелирање со бројот на вработените не е потребно, меѓутоа со сигурност може да се заклучи дека во случајов имаме негативни тенденции скоро во сите сектори на дејност. Оттука, барем според овие параметри, не е престрого да се заклучи дека големите реформи поддржани од континуирани партиски реклами, бројни написи во одредени електронски и печатени медиуми, нападни настапи на квазиексперти, квазианалитичари и квазиинтелектуалци, кои постојано се јавуваат или независно или во име на накакви инстант институти, не ги дале очекуваните резултати. Во оваа насока се чини дека и резултатите во поглед на вработувањата не се спектакуларни и истите ме потсетуваат на периодот од крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години на минатиот век.

Имено, во овој период, тогашните политички, синдикални и не знам какви елити, не можејќи да се справат со сè поголемите економски и социјални проблеми, прибегнаа кон таканаречените акции за вработувања, нешто што под разноразни форми се прави и денес. Јасно, “среќниците” кои на овој начин се вработија, само после неколку години се загрцнаа во сопствената среќа, но тоа на владеачките структури не им сметаше да побараат ново излезно решение. И така, одговорот беше најден во пензионирањето на околу 400 универзитетски професори на возраст од 55 до 62 години, со што на новосоздадената партиска елита и се отвори патот за несметано управување со општеството, се разбира според нејзиниот терк. Природно, после оваа сеча, која беше погубна за македонското високо образование, следуваше период на долго опоравување. Меѓутоа, овој релативно долг период на опоравување, кој за воља на вистината се одвиваше во турбулентни времиња, и тоа како е нарушен со реформаторските зафати.

Имајќи го предвид претходно кажаното, се плашам дека историјата ни се повторува, т.е. дека немајќи знаење, умеења и способности да се справи со предизвиците и проблемите кои самата ги продуцира, владеачката елита едноставно копира решенија од минатото, за кои барем историјата пресудила дека биле катастрофални. Во овој наплив на копирање на одамна девалвирани решенија, барем сега за сега оваа господа има успех, кој не се должи на ништо друго туку на силниот политички брак од интерес, бомбардирањето со ефтина политичка пропаганда, енормното зголемување на јавниот долг, нахалните изливи на патриотизам и борба за квалитет на персони, голем дел од кои откако дојдоа на државни функции се стекнаа со дипломи за високо образование, а некои богами отидоа и дотаму што се здобија со научни титули магистри и доктори на науки, иако во претходните степени на образованието биле просечни ученици. Се разбира, и после ваквото стекнување на научните титули оваа господа повторно се наоѓа во групата просечни, за што доволен доказ е фактот дека нивните имиња не може да се сретнат во ниту еден документ од научен собир или слично.

Меѓутоа, некако не можам да избегам од впечатокот дека токму од редовите на оваа новоформирана “научна елита” ќе почнат партиските вработувања на универзитетите, се разбира кога за тоа реформаторите ќе создадат услови, во чие создавање најмногу им помагаат токму политичките ветрушки и вртимушки, кои и тоа како се намножија на шеснаесетте македонски универзитети.

Д-р Самоил Малчески

Поврзани новости