Со полициска асистенција избркани дивите пазарџии кај „Зелен пазар“

by fokus

Надлежните служби на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во координација со СВР Скопје и инспекторите на Општина Центар и со асистенција на сообраќајната полиција и полициската станица Беко, денес започнаа акција за расчистување и дислокација на дивите пазарџии и нелегално поставените тезги околу „Зелен пазар”.

„По барање на жителите од околните објекти, ЈП ПОЦ во соработка со надлежните институции почна да ја спроведува оваа акција со цел да се расчисти метежот на паркиралиштето и да се заштити загрозената безбедност на движење, како и да се спречи опасноста по здравјето на жителите, купувачите и продавачите заради продажбата на производи во нехигиенски услови.

За да се зголеми безбедноста на граѓаните која е загрозена од страна на дивите тезгаџии кои преноќуваат во влезовите од околните згради и хигиената која е нарушена од отпадот и сметот кој го оставаат по затворањето на пазарите, оваа акција ќе се спроведува редовно и ќе се санкционираат и дислоцираат дивите пазарџии и нелегално поставените тезги околу „Зелен пазар”, велат од ЈП ПОЦ.

Поврзани новости