Јас не сум тој што одлучува за такво нешто. Си има Устав и закони. Доколку некој одлучи тоа политички да го реши, како што се воведе Специјално јавно обвинителство (СЈО), така ќе се воведе и Специјален суд, изјави денеска претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчаевски за можноста за креирање на специјален суд.
Според Панчевски, судиите се апсолутно и потполно независни во своите одлуки, а рече дека како претседател не може да коментира дали осомничените може да влијаат на сведоци или не.
Додека треа распитите на осомничените во случајот „Титаник“, Панчевски бил присутен во Судот со цел да ја менаџира истрагата. Тој реагираше на изјавите на дел од неговите колеги судии и правници кои во јавноста обвинија за двојни стандарди при одлучувањето на притвор.