Подготвителната настава за полагање на државна матура којашто ја реализираше Американскиотуниверзитет на Европа-ФОН придонесе за остварување на значително добри резултати на средношколците при полагање на матурата. Ова го покажува статистиката за успехотод екстерните предмети на матурантите, кои што полагаа државна матура во јунскиот испитен рок, а која што првично ја презентираше Државниот испитен центар.
Според податоците од Државниот испитен центар, средниот успех на матурантите по македонски јазик и литература во јунскиот испитен рок е 4,13 што претставува подобрување од 1,77 оценка или за 75 % во однос на 2021 година, кога средната оценка била 2,36. Матурантите по математика оствариле среден успех 4,18 што претставува подобрување за 1,91 оценка или за 84,14 % споредено со 2021 година кога средниот успех бил 2,27. По англиски јазик во јунскиот испитен роксредниот успех е 3,48 што е подобрување од 1,15 оценка или за 49,36% споредено со минатата година кога средниот постигнат успех бил 2,33.
Доколку се направи споредба, за трите екстерни предмети заедно (математика, англиски јазик и македонски јазик) во 2021 година средна оценка е 2,32 додека во 2022 година е 3,93 што е за 1,61 оценка подобро или изразено во проценти подобрувањето е за 69,40 %.
Американскиот универзитет на Европа – ФОН е исклучително горд на постигнатиот успех на средношколците кои полагаадржавна матура во јунскиот испитен рок, за што сметаме дека големо влијание имаше подготвителната настава за матураните. АУЕ – ФОН го реализираше проектот подготвителна настава за полагање на државна матура со цел наставниот кадар од универзитетот да им помогне на средношколците во совладување на материјалот и да постигнат подобар успех.
За подготвителната настава се пријавија повеќе од 4000 матуранти од цела држава, респектабилна бројка која што ги надмина првичните очекувања на раководството на АУЕ – ФОН. Како резултат на огромниот интерес на средношколците, универзитетот организираше три циклуси на подготвителна настава по македонски јазик и литература, странски јазик (англиски, француски, германски или руски) и математика. Подготвителна настава со полн фонд на часови, без финансиски трошоци за матурантите, се реализираше во март, април и мај.
Американскиот универзитет на Европа – ФОН и менаџментот остануваат посветени на заложбата како општествено одговорна образовна институција да поддржуваат проекти со кои се поттикнува подобрување на личниот развој и успех на секој поединец, без разлика дали станува збор за матуранти, студенти, наставен кадар, ментори или останати субјекти.