Со по 2.000 евра да се казнат 20 граѓани кои се шетале за време на полицискиот час, бара обвинителството

by fokus 10:56
10:56

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 20 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од ОЈО Скопје.

– За 19 обвинети Обвинителството поведе постапка затоа што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, соопштија од обвинителство.

- Advertisements -

Исто така, од Обвинителство информираат дека еден од обвинетите не ја почитувал Наредбата за задолжителна самоизолација, донесена како мерка за спречување и сузбивање на заразната болест Ковид-19.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Поврзани новости