Со пиштол „решавал“ расправија за паркинг

by fokus

За малку бил избегнат инцидент, кога во расправија за паркинг, еден од возачите извадил пиштол. Настанот се случил во Тетово.

-На 23.12.2018 година во 03,20 часот во Полициската станица Тетово, А.И. (24) и А.С. (22) од Тетово пријавиле дека околу 03 часот, откако излегле од дискотека лоцирана на ул.„Маршал Тито“ се упатиле кон нивните возила кои биле паркирани на истата улица. Пред нивните возила било паркирано друго возило, од кое не можеле да заминат. По кратко време дошол И.И. (39) од с.Мала Речица и почнале расправија околу паркирањето. И.И. им се заканил со пиштол. По преземени мерки, И.И. е лишен од слобода. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости