Не сум видел нобеловец, ниту слушнал кој се претставува за миротворец, а јавно кажува дека ќе јаде живи луѓе и тепа луѓе што ќе го критикуваат него или неговото семејство за погрешните политики кои ги водат и пљачката која и ја прават на татковината. Не сум видел нобеловец, а кој толку многу црнила направил за својата земја.

Ова на денешната 27. годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го рече лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Тој додаде и дека досега не видел нобеловец кој барал мито.

-Не сум видел Нобеловец до сега кој на видео се гледа таму пикнат во затемната и полузадимена канцеларија да бара мито од 200 илјади евра и разработува шема како да се одвива авантата по принципот на Мирчо Свињарнико, рече Мицкоски.