Поп пејачката Тамара Тодевска има нова песна со која ќе го освојува регионалниот музички пазар.
Станува збор за нумерата „Нијагара”, во која за првпат таа се јавува како коавтор, и заедно со Лазар Цветковски ги потпишуваат текстот и музиката.
Песната е со порака до сите неправедно етикетирани од околината, како поддршка и порака да продолжат со борбата и да не се откажуваат од својата цел.
Тодевска, која на музичката сцена е од дете, константно е актуелна во јавноста. Без разлика дали станува збор за нов музички проект, или пак за настан од приватниот живот, таа секогаш е интересна за јавноста.
Изминатите години имаше бурен период, од настапот на Евровизија кој и го донесе највисокиот пласман на Македонија досега, па се до разводот со сопругот.
Приватно, посветена е на ќерката Хана и синот Дарен, за кои во повеќе наврати има раскажано дека и се животен приоритет и нивната среќа секогаш ја става на прво место.
Вики Клинчарова