Со патриотски песни се протестира против промена на името

by fokus

Повеќе патриотски здруженија попладнево протестираат пред македонското Собрание против промена на името на Република Македонија.

Протестот е денеска кога во Македонија пристигна медијаторот во преговорите за името, Метју Нимиц.

-Македонскиот народ нема да ги прифати овие решенија и ќе се бори со сите средства за враќање на одземениот суверенитет и за ревизија на сите спорни одлуки против државните интереси. Метју Нимиц да достави извештај до ОН дека македонскиот народ бара од него неотповиклива оставка на медијаторсата позиција и дека сака Република Македонија да биде примена на ОН под уставното и државото име.  Истата порака ја упатуваме и до претставниците на ЕУ и НАТО во земјава, кои ги поддржуваат овие непринципиелни политики, порачаа демонстрантите.

Поврзани новости