Шекеринска: Ќе вработиме нови 375 професионални војници

by fokus

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска најави дека оваа година во редовите на АРМ ќе бидат примени и нови 375 професионални војници.

Таа најави дека првиот конкурс за прием на дел од планираните 375 професионални војници ќе биде објавен во јануари. Втор конкурс ќе има пред почетокот на летото, а третиот ќе се распише кон крајот на годинава.

Министерката појасни и дека во годинешниот план за јавни набавки се предвидени пари за нова основна и резервна униформа за секој припадник на АРМ. Таа најави технички дијалог со македонските текстилни компании, на која Министерството за одбрана ќе ги презентира своите барања и изрази надеж дека може да се случи и припадниците на АРМ да користат домашно произведени униформи.

Поврзани новости