Со палка го претепал роднината и неговата бремена сопруга

by fokus

38-годишен скопјанец и неговата бремена сопруга вчера биле претепани со палка од нивен роднина, кај кого биле на гости.

-На 26.05.2018 година во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.Ј. (38) од Скопје пријавил дека на 25.05.2018 година околу 21.00 часота тој и неговата сопруга Т.Ј. (33) биле физички нападнати од нивен роднина Д.А. (31) од Скопје. Од 14 часот, пријавителот, неговата сопруга и двете малолетни деца биле на гости кај Д.А.. Околу 21 часот, Д.А. со палка почнал да го удира Н.Ј. и неговата бремена сопруга. Со возило на Итна медицинска помош, тие биле префрлени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Поврзани новости