Дрвокрадци при бегање повредиле двајца полицајци

by fokus

Вчера околу 19 часот на патот Прилеп-Битола полициски службеници забележале патничко возило „Опел Омега“ со велешки регистарски ознаки кое било натоварено со огревно дрво. Тие се обиделе да го сопрат возилото, но возачот ја зголемил брзината и притоа повредил двајца полициски службеници.

Набргу потоа, возилото било запрено од друга полициска патрола, при што било констатирано дека го управувал Б.Ј. (30) од Прилеп. Тој бил приведен во Полициската станица Прилеп, а повредените полициски службеници биле пренесени во Општа болница Прилеп.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. Од страна на Јавен обвинител на Б.Ј. му била изречена мерка притвор.

Поврзани новости