Со падобран скокна од Ајфеловата кула – уапсени зависници од адреналин во Париз

by irena 21:48
21:48

Париската полиција утринава приведе тројца мажи за нелегално искачување на Ајфеловата кула.

Тројца мажи се искачија на Ајфеловата кула рано утрово, по што еден од нив скокна со падобран од кулата, а потоа сите тројца беа уапсени за „неовластен влез во заштитен или регистриран објект“.

Утрово околу 05:20 часот, обезбедувањето на Ајфеловата кула пријавило во полиција дека три лица се искачуваат на познатата париска зграда, објавува „Журнал де Диманш“. Речиси еден час подоцна, еден од нив скокнал со падобран и бил приведен без инциденти кога слетал на земја.

Неговите двајца придружници се симнаа во придружба на членовите на службата за интервенции во опасни услови (GRIMP) и пожарникари, а потоа беа предадени на француската полиција.

Претставник на Друштвото за управување со Ајфеловата кула најави дека ќе поднесе тужба. Ова не е прв инцидент во близина на познатата знаменитост на француската престолнина.

Сличен случај се случи во јули минатата година, кога љубителите на екстремно качување и зависниците од адреналин беа приведени откако се искачија на Ајфеловата кула, а потоа скокнаа со падобран.

Слични вести