718
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, вечерва во „21 Анализа“ потврди дека кога ќе се ефектуира оставката на Зоран Заев и тој заминува од функцијата во партијата.
Тој кажа дека функциите во моментов се најмала грижа, туку дека се работи на зголемување на мнозинството.
-Кога претседателот ќе даде оставка, целото раководството е во оставка и тоа не е најважно. Најважно во моментов е демократското мнозинство во парламентот, и да не се вратиме во време на страв и на реваншизам против кој се боревме, рече Николовски.