СДСМ ќе се обиде да го врати Максим Димитриевски во партијата

by fokus

Генералниот секретар Љупчо Николовски вечерва во ТВ21 во „21Анализа“ рече дека СДСМ ќе се обиде да го врати актуелниот градоначалник, Максим Димитриевски во партијата.

-СДСМ ќе влезе во постапка во која ќе извлече поуки, ќе донесе многу одлуки. Затоа што во партијата има и луѓе кои не се партиски членови, а се ставени во позиции да носат одлуки за граѓаните. СДСМ ќе направи сѐ преку сите процеси и промени и верувам дека овој предизвик пред кој се наоѓаме ќе го решаваме сите заедно и дека обединети, со многу промени и детектирани слабости, ќе биде партија која ќе биде целосно подготвена за следните предизвици, рече Николовски.

На прашањето на новинарот „Да резимирам, ќе се обидете да го вратите Максим?“, Николовски рече „Ќе се обидеме да направиме се, да“.

Димитриевски доби втор мандат да го води Куманово на локалните избори, но како независен кандидат. Тој првиот мандат го помина како кандидат од СДСМ, но беше исклучен од партијата откако објави дека ќе се кандидира како независен кандидат.

Поврзани новости