Со организиран автобуски превоз, публика од сите градови пристигна на концертот на Милица Павловиќ во Скопје!

by Фокус

Вечерва во Спортскиот центар Јане Сандански се одржува концертот на популарната српска пејачка Милица Павловиќ (33), а пред неколку часа во Скопје пристигнаа автобуси од повеќе градови во земјава, кои вршат организиран превоз на публиката.

Павловиќ е доста популарна кај младите генерации, па поради големиот интерес за нејзиниот концерт, повеќе туристички агенции од внатрешноста се одлучиле да организираат превоз до Скопје, а и назад, по завршувањето на настанот.

-Огромен интерес има за Милица, во публиката се претежно млади луѓе, па затоа овој начин, со организирани автобуси да се дојде во Скопје, и потоа младината безбедно да се врати дома, се покажа како одлично решение. Пристигнавме во 18 часот, а по завршувањето на концертот автобусите се враќаат назад во своите градови, за ,,Фокус” велат превозници од туристичка агенција од внатрешноста.

Инаку, Павловиќ дојде во Скопје пред еден ден, а со неа пристигна и тим од околу 120 лица. Помеѓу нив има музичари, танчери, фризер, шминкер, кореограф, режисер, уметнички директор…

Концертот во Скопје е дел од нејзината турнеја ,,Лав”, и беше најавено дека ќе трае три часа.

Вики Клинчарова

Поврзани новости