Лицето кое вчера му закануваше на градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу после расправијата по вербалната расправија што се случи по петочната молитва во дворот на џамијата на селото Стрмница, било прободено со нож.
Прободувањето се случило пред угостителски објект на патот кон Желино.
– Осомничениот се обидел да лиши од живот едно лице, така што го прободел со нож оштетениот, нанесувајќи му тешка телесна повреда – убодна рана во градниот кош. Присутни лица веднаш го однеле оштетениот во тетовската болница, од каде како итен случај бил препратен на Клиничкиот центар во Скопје. Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик и до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот 36-годишник, соопшти Обвинителството.
Се почнало со расправијата во дворот на џамијата. Татко и син го забележале сега осомничениот како се расправа со градоначалникот на Желино. Бидејќи знаеле дека е агресивен, се доближиле да го смират за да не настане проблем, но тој физички ги нападнал удирајќи го таткото по главата.
За овој инцидент вчера соопшти и градоначалникот на Фејсбук каде напиша дека му се заканувало лице лекувано во психијатриската болница во Бардовци кое барало градоначалникот да го вработи, а според неговите пишувања имал сторено и неколку кривични дела.
-За лицето подоцна дознавме од полицијата дека извршило десетици кривични дела, за силувања, тепања, физички напади и слично. Фала му на Бога што јас лично заедно со тројца административци на општината кои ми беа блиски, за момент бевме во опасност од овој деликвент. Благодарение на некои добронамерници (кои не ги познавам и кои случајно беа на местото на настанот) навреме интервенираа (веројатно го познавале деликвентот), обидувајќи се да го смират, не дозволија никаков несакан инцидент или евентуален физички напад врз мене или врз административните службеници од општината. Изразувам длабоко жалење за оваа неочекувана ситуација што ја доживеавме денес, од деликвент кој треба да биде во медицинска изолација, а не на слобода да ги загрозува граѓаните. Случајот е изнесен преед надлежните органи, а лицето е на лекување во болница, против кое ќе бидат преземени потребните законски мерки, напиша градоначалникот.
Но откако присутните лица ги раздвоиле кај џамијата, синот кој прво ја смирувал ситуацијата го прободел со нож заканувачот на градоначалникот, кој со тешка повреда завршил на Клиника.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО Тетово и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.