Со неисправни автобуси возеле патници во Штип и Битола

by Fokus

При сообраќајни контроли во петокот, во Штип и Битола, биле сопрени десетина автобуси кои превезувале патници, при што кај дел од нив биле утврдени низа нерегуларности.

-СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Во акциската контрола биле контролирани 122 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, а од нив 63 биле упатени во Станица за технички преглед“, соопштуваат од МВР, од каде што додаваат дека биле утврдени девет прекршоци за кои се преземени соодветни законски мерки. Санкционирани се и 17 останати прекршоци.

Истиот ден вакви проверки биле направени и во Битола.

-Контролирани се 89 автобуси или други возила кои вршат јавен превоз, а од нив 54 биле упатени на технички преглед, при што кај четири биле констатирани неисправности. За сите неправилности издадени се соодветни налози“, велат од МВР.

Поврзани новости