Мицкоски: Гледаме дека „Чарлиевите ангели“ најмалку се бореле за правда

by fokus

Се покажа дека намерата на оваа власт е да се спаси кариерата на обвинителите од СЈО. Ова денеска го порача лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

„Сето ова укажува дека амнестијата станува посакувана опција за амнестираниот Заев и неговите луѓе. Македонија има сериозен проблем со криминалот во правосудстионт систем. Зоран Заев, кој за овиее три години не направи ништо за да смени нешто во овој корумпиран систем е пречка за правдата во Македонија. Имаме власт која е заштитник на криминалот и корумпираните судии и обвинители. Гледаме дека „Чарлиевите ангели“ најмалку се бореле за устав и правда. Гледаме како СЈО си имало приватна полиција платена со наредни пари. Се покажа дека намерата на оваа власт е да се спаси кариерата на обвинителите од СЈО. Аферата „Кеш“ покажува колку ни е трул правосудниот систем. Велите „блескаме“, повелете побарајте од граѓаните поддршка“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости