Со најновиот филм на Алмодовар започнува “Браќа Манаки”

by Fokus

Вечерва во Битола се дига завесата на 40 то јубилејно издание на  ИФФК „Браќа Манаки“, а ќе го отвори најновиот филм на култниот шпански режисер, Педро Алмодовар, „Болка и Слава“, кој премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал. Ова филмско остварување е ремек-дело на кинематограферот Хосе Луис Алкаине, кои ќе биде специјалаен гостин на вечерашното отворање.

На големиот американски и светски кинематографер, Едвард Лакман, вечерва ќе му биде врачена Златната камера 300 за животно дело.

–Битолската публика и сите гости домашни и странски ќе уживаат во една понуда која е на високо свестко рамниште. Сите траба да бидеме горди затоа што Битола е на мапата на светски фестивали со високо реноме и ние сите заедно чекориме во новите перспективи на овој фестивал, рече Благоја –Доре, селектор на фестивалот.

Фестивалот е најстар на светот посветен на креативноста на кнематограферите. Оваа манифестација  за првпат беше организрана како „Манкаиеви средби“ во април 1979 година по повод 15 годишнината од смртта на Милтон Манаки. Тогашните иницијатори со гордост се сеќаваат на почетоците на фестивалот.

-Фестивалот бележи нагорна линија, и не е  ништо чудно да прерасне во една висока категорија на фестивали во светот. Ова е единствен од овој вид, има и во Португалија но тој се оформи подоцно. Нашиот има најголеми можности да биде центар на филсмките снимателите од светот, рече Стефан Хаџи-антоновски,  еден од иницијаторите на “Браќа Манаки“.

На годинешното 40 јубилејно издание организаторите најавуваат богата филсмка понуда.

Во официјланата програма ќе бидат прикажани 12  филмови кои ќе се натпреваруваат за златна, сребрена и брознена Камера 300, а меѓународното жири ќе биде предводено од лауреатот Лакман.

Извор Телма

Поврзани новости