Исајловска: Крајот на Катица не треба да биде крај на надежта дека правда ќе има

by Fokus

Пратеничката Нола Исајловска која е дел од Независната група на ВМРО ДПМНЕ рече дека жали што се уште нема одговори за „големиот скандал со прислушувањето и за жал сеуште нема разврска која беше вистината, но надежта не треба да заврши тука“. На собраниската дебата за разрешувањето на Јанева, Исајловска наведе дека очекува правда сепак да има.

-Крајот на приказната со Катица не треба да биде крај на надежта дека правда ќе има и дека расчистувањето на „Рекет“ со  почитување на пресумцијата на  невиност ке биде импулс во довербата дека правда ке има, рече Исајловска.

Таа апелираше до политичките лидери овој момент да го искористат за да размислат дека е крајно време да се напушти концептот  политиката да се меша во секоја област во државата. Но и да е извлече поука дека „концентрацијата на огромна моќ во една личност е опасен експеримент“.

-Треба да се напушти концептот политичарите да одлучуваат за обвинители наместо обвинителите, и лидерите да одлучуваат наместо пратениците, кажа Исајловска.

 

Пратениците денеска ја разрешија Катица Јанева од шеф на СЈО поради нестручно и незаконско работење.

Поврзани новости