Македонскиот народен театар почна со санација на проодната тераса која се наоѓа на североисточниот дел од првиот кат на објектот – кон Музејот на холокаустот.
МНТ информира дека во изминатите години при обилни дождови беа предизвикувани материјални штети од протекување од терасата во главното фоаје и дека со зафатот ќе се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот и ќе се спречи натамошно руинирање на објектот.
– Средствата, во износ од 1.200.000 денари се во рамките на Годишната програма за 2021 година на Министерството за култура. Искрено се радуваме што есенскиот дел од сезоната ќе го почнеме во безбеден и саниран објект. Во очекување на позитивни вести околу пандемијата од КОВИД-19, ние се подготвуваме повторно за полн салон, со широк репертоар, соопшти МНТ