Ректорот Јанкуловски потпиша меморандум за соработка со Организацијата на работодавачи

by Fokus
Во текот на вчерашниот ден, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, застапуван од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, и Организацијата на работодавачи на Македонија, застапуванана од претседателката д-р Владанка Трајкоска, во просториите на УКИМ потпишаа Меморандум за соработка.

Со овој Меморандум за соработка, договорните страни се стремат да го уредат својот меѓусебен однос и да ја предвидат својата долгорочна соработка и меѓусебна поддршка во понатамошните активности преку имплементирање на заеднички проекти со цел да се задоволат потребите од високостручен кадар во сите сегменти на приватниот и јавниот сектор, континуирано приспособувајќи се на динамичните промени во овој домен, како и зголемување на интересот на приватниот сектор за дипломците на Универзитетот.

Со потпишувањето на овој Меморандум, договорните страни ја изразуваат подготвеноста за предметната соработка, врз основа на заемна доверба и разбирање и се согласни соработката да ја темелат врз начелата и постапките, предвидени со овој Меморандум.

Во согласност со овој Меморандум, ќе се изгради долготрајна партнерска соработка помеѓу договорните страни, а соработката ќе се однесува на следното: § реализација на практикантска обука на студенти за времетраење на студиите; § анализи за потребите од профили на кадри на пазарот на трудот;

За реализација на заеднички проекти и вклучување на претставници на бизнис-заедницата во процесите на осовременување на студиските програми и креирање нови студиски програми во согласност со потребите на пазарот на трудот;

За развој на форми на доквалификација и преквалификација за потребите на бизнис-секторот;

За заедничко учество и признавање на добиените крајни вредности од: работилници, стручни семинари, конференции, трибини, форумски дебати и обуки;

За помагање преку специјализиран тренинг и едукација во областите на: здравство, образование, право, финансии, банкарство, менаџмент, претприемаштво, ИТ, нови технологии и др.;

За заедничка партиципација во проекти финансирани од земјите членки на Европската Унија, како и користењето на останатите меѓународни фондови за развој на земјите од Западен Балкан;

За создавање, во континуитет, на креативна интелигенција која ќе биде водич или стимулатор за секој поединец во функција на креирање на успех.

Поврзани новости