Со Мрме сме на прав пат: Македонската репрезентација скокна три места на ФИФА ранг-листата

by fokus 11:57
11:57

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од три места на ФИФА ранг-листата и се наоѓа на 68-та позиција.

Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на победата над Летонија и нерешениот резултат со Словенија во првите две кола од квалификациите за ЕУРО 2020.

- Advertisements -

Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП, на априлското рангирање на ФИФА, најдобро котира Полска – на 20. место, Австрија е 34-та, Словенија се наоѓа на 63.позиција, Израел е 84-ти, додека Летонија е 133-та.

Противникот на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово е на 127. место..

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Англија, Хрватска, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Поврзани новости