377
Мотоцикл управуван од А.С.(28) од Македонска Каменица, вчера после полноќ, на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица, удрил во пешакот А.З.(37) од Македонска Каменица.
Според МВР, во незгодата пешакот здобил тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип и бил задржан на понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.