Маж од Велика Британија тврди дека на бебе монитор ја фатил сопругата како е во интимна врска со татко му, по што решил да се разведе.
Деклан Фулер, 22-годишен Велшанец, беше во брак со Стефани (22) со која ја има двегодишната ќерка Вилоу.
Минатиот септември, парот му дозволил на таткото на Деклан, Дарен (44) да се пресели во нивниот дом во Велика Британија, каде што се случила наводната афера, пренесува New York Post.
Велшанецот тврди дека бил на работа на денот кога сопругата го изневерила и решил да го искористи мобилниот телефон за да го провери мониторот за бебиња на ќерка му.
На видеото се гледа како Стефани се упатува кон спалната соба со својот свекор за да се препушти на попладневната забава.
„Болно е, не е нормално – како може татко ми да ми го направи ова?“, праша Деклан.
Вели дека тоа целосно го откачило и дека едвај го задржал бесот.
„Да не се вразумев, не знам што ќе му направев на татко ми“, рече тој.
Кога се соочија со инкриминирачки докази, Стефани и Дарен негираа дека направиле нешто погрешно. Наместо тоа, тие тврдеа дека едноставно биле во спалната соба за заедно да ги гледаат Симпсонови.
Деклан не поверувал во тоа објаснување и веднаш се развел од сопругата, а таа веднаш започнала романса со поранешниот свекор.
„Не го изневерив Деклан. Дарен и јас се собравме една недела откако мојот сопруг ме остави”, рекла Стефани.
Во неверојатен пресврт, Стефани сега е бремена со близнаци, чиј татко е нејзиниот поранешен свекор.
„Жал ми е за тие деца, тие доаѓаат во многу скршено семејство“, рече Деклан.