717
Утринава со молотови коктели бил нападнат Музејот на албанската азбука во Битола – пренесува ТВ Орбис.
Покрај тоа што биле искршени неколку прозорци и стаклото на влезната врата, на фасадата на објектот биле испишани погрдни пораки.
Местото било обезбедено од полицијата и се очекувало екипа на СВР Битола да излезе на увид.
Од СВР Битола сеуште не потврдуваат дали имаат информација кој го извршил немилиот нестан.
ФОТО: ТВ Орбис
Вики Клинчарова