Со минута молк започна маршот за 8-ми март

by irena 13:00
13:00

Со минута молк започна маршот за 8-ми март.

Во организација на повеќе иницијативи и здруженија, денеска од 12.00 часот од паркот Жена борец започна традиционалниот осмомартовски марш.

Организаторите апелираа оние кои сакаат да присуствуваат да дојдат со цвеќе, без партиски обележја и да не подлегнуваат на провокации.

„Маршот е чисто граѓански протест против системското долгогодишно бришење на жените и на него имаат право да се приклучат сите граѓани и граѓанки. Забранети се партиски и институционални обележја, протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира“, велат организаторите.

Слични вести