855
Да и посакаме добредојде на Северна Македонија во семејството на НАТО. Ова е историски момент за неа. Ќе придонесе кон добри соседски односи и подобра иднина за Северна Македонија. Македонското знаме ќе се вее како 30-то знаме, истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг
„Исто така, да ја поздравам одлуката за Европската Унија за отпочнување на преговори. Во времиња како ова, пријателите и сојузниците се побитни како никогаш досега – додаде Столтенберг.
Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видео врска во Скопје ја следеа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, после што ќе има свое кусо обраќање.