Спасовски: Знамето на Северна Македонија се развиори пред седиштето на НАТО

by Fokus

Знамето на Република Северна Македонија се развиори пред седиштето на НАТО. Ден кога нашето знаме се развиори заедно со другите од севернатлантското семејство, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Во последните три години донесовме големи одлуки со кои станавме подобра држава и подобро општество. Еве ја и наградата. Држава која ќе остане искрен и добар сосед, сојузник на кој секогаш ќе можат да сметаат. Наша должност е да им оддадеме признание на сите кои ни помогнаа. Ова посебно се однесува на претходниот претседател на Владата, Зоран Заев, на нашите пријатели САД. Од денеска ние сме НАТО – истакна Спасовски.

Тој додаде дека ќе се избориме и со корона вирусот и Северна Македонија ќе продолжи кон подобра иднина.

Поврзани новости