Со лажни пиштоли киднапираа авион со 118 патници

by fokus

Заложничка драма во Малта. Двајца киднапери со оружје и закана со бомба со часови држеа во заложништво 118 патници и членови на екипажот на авион на либиската компанија „Африка ервејз”. Авионот кој летал од Себа до Триполи, бил киднапиран и откако бил пренасочен кон Малта, слетал на островот.

Најновите информации пак покажале дека пиштолите со кои се заканувале киднаперите биле лажни.

Киднаперите биле приврзаници на убиениот либиски лидер Моуамер ел Гадафи, а по неколкучасовната драма ги ослободија патниците и се предадоа на властите на Малта.

Поврзани новости