Со кренати глави и пригушен плач на комеморативна седница најблиските му оддадоа почит на д-р Нешковски

by Fokus

Денес се одржа комеморативна седница на која му се оддаде почит на д-р Трајче Нешковски (32), кој почина пред три дена, откако добил срцев удар, по што изгубил контрола на возилото и со него удрил во дрво.

На седницата, покрај неговото семејство, присуствуваа и многу негови сопартијци од СДСМ, каде лекарот во минатото беше секретар на СДММ. Во негова чест, летниот камп на СДММ кој се одржува секоја година ќе го носи неговото име, Трајче Нешковски, потврдија од СДСМ.

-Неговите дела, неговата искрена верба во идеалите за подобра иднина, остануваат како трајни вредности за сегашните и идни генерации – порачаа на седницата и со запалени бакљи и едноминутен молк кој го прекинуваше тивкиот плач на присутните, му оддадоа почит.

Доктор Нешковски, кој е по потекло од Гостивар, специјалист интернист од Клиниката за пулмоалергологија, и беше дел од тимот кој работеше во Козле. Зад себе ја остави сопругата Ема и ќеркичката Јована која има две години.

-Знам дека ќе не чуваш мене и Јована. На Јована ќе и ја раскажуваме твојата богата приказна на која таа ќе биде горда затоа што имала татко како тебе. Татко ХЕРОЈ-порача во својата проштална порака неговата сопруга.

Поврзани новости