Популарниот српски фолк пејач Мирослав Илиќ (73) доаѓа во Скопје, каде ќе одржи јубилеен концерт. Настанот по повод половина век на естрадата на Илиќ е закажан на 18-ти март во арената Борис Трајковски, а влезниците веќе се пуштени во продажба, со цени од 500 до 1.200 денари.
Организатор на концертот е Балкан Медиа, а пејачот ќе ги отпеел своите хитови од изминатите 50 години пред скопската публика.
Мирослав славеше со концерт во Скопје и 45 години кариера, пред пет години, а пак пред девет години во Скопје одржа заеднички концерт со Адил.
Често пати во интервјуа раскажува дека во Скопје студирал на Електротехничкиот факултет, и имал убави спомени од тие времиња.
Еден период си ја испроба среќата и во политиката и беше кандидат за пратеник на Социјалистичката партија на Србија.
Приватно, долг период е актуелен со аферата за вонбрачниот син Девин, кого не сака да го признае, и покрај тоа што судот во Белград пресуди дека тој е биолошки татко на момчето.
Вики Клинчарова