Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Р. поради постоње на основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа по член 378 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
-Пријавената А. Р. во текот на 2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, иако била свесна дека истата не е сопственик на недвижен имот – градежно неизградено земјиште во вкупна површина од 344 м2 и градежно неизградено земјиште во вкупна површина од 982 м2, а кој имот е во сопственост на Република Северна Македонија, во Агенција за катастар на недвижности во два наврати употребила две фалсификувани јавни исправи како правен основ врз основа на што побарала запишување на правото на сопственост, кој имот потоа бил запишан на име на пријавената А.Р., соопшти Управа за финансиска полиција.