Пратеничката Ременски 5 часа вршела увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

by fokus 18:31
18:31

Повеќе од пет часа пратеничката Фросина Ременски денеска вршеше увид во доказниот материјал прибран за истрагата „Меѓународен сојуз“, а во која што е една од осомничените.

Пратеничката во 10 часот влезе во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а незабележително излегла пет часа подоцна.

Денеска беа повикани и Бојан Јовановски- Боки 13 и неговит татко Миле Јовавноски но не дошле на увид, потврдуваат од обивнителството. Увид вчера правеле и заменик претседателката на Мегународен сојуз Јасна Мандиќ и асистентата на Боки 13.

- Advertising -

Како оштетени во овој предмет обвинителството ги води бизнисмените Силјан Мицевски од  градежната компанија Пелистер и Ардијан Амзоски од Дрим Билдин. Наводно, Боки 13 ги довел во заблуда дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и така преку авторска агенција успеал да добие средства од 719.905 евра од едната и 233.821 евра од другата фирма.

 

Поврзани новости