Со фалење на економските успеси додека беше премиер, Груевски го бранеше докторатот

by Fokus

Со фалење на економските успеси додека бил премиер, Никола Груевски го бранеше докторатот пред петчлената комисија од професори на Економскиот факултет.

„Благодарение на реформите од 2006 година многу земји ја препознаа Република Македонија како земја за инвестирање – рече Груевски во презентирањето на докторатот.

Иако му дадоа половина час, Груевски речиси еден час го презентираше докторатот. Па, кога му се  расипа прожекторот, еден од професортите рече дека тоа е знак да привршува со зборувањето.

Пред полупразната сала и со присусво на новинарите, Груевски го исчита веќе подготвеното резиме од докторатот, а ги прочита и воведните зборови со кои ги поздрави професорите и присутните.

Еден од професорите во комисијата ја прочита и биографијата на Груевски, осносно неговата долга кариера како економист, а не го изостави и лидерството во ВМРО-ДПМНЕ и десетгодишната премиерска функција.

Меѓу присутните беа неговите две ќерки и мајка му Нада Груевска, а бранењето на докторатот не го слушаше неговата сопруга Боркица.

На медиумите не им беше дозволено ниту да фотографираат, ниту да снимаат инсерти во салата.

А.Т. 

Поврзани новости